За нас

Добредојдовте на Brownfield порталот

Brownfield порталот е составен дел од Invest North Macedonia

Brownfield портал претставува дата база на расположливи производствени и деловни капацитети кои претходно биле користени, а се во сопственост на комерцијалните банки, државни и јавни институции или приватна сопственост. Наменет е за користење од страна на домашни и странски инвеститори.

 

Порталот нуди опција за бесплатна регистрација на објекти кои во моментот не се користат поради застареност или нарушена функционалност.

 

Во рамки на својата функционалност порталот вклучува пребарување по категории според: дејност, големина на објектот, локација, патна и инфраструктурна поврзаност.

 

На тој начин се овозможува брз и лесен пристап до бараната информација како одговор на Вашето барање за реализација на „Brownfield инвестицискиот проект”. Неговата предност се состои во можноста за адаптација на постоечките објекти во нови производствени или комерцијални капацитети, како резултат на „Brownfield инвестиција” која се реализира преку продажба или изнајмување истите.

 

Целта на овој вид инвестиција е проширување на постоечките капацитети или започнување на нов процес на работа, овозможувајќи поголем раст и развој на економијата.